Бројот на загинати во пукањето во училиштето број 88 во Ижевск, во руската Република Удмуртија, се искачи на 13, објави Истражниот комитет, а меѓу жртвите седум се деца.
Уште 14 деца и седум возрасни се ранети, се вели во соопштението.
❗️Warning, violent footage❗️
The first video of a shooter who shot himself in Izhevsk appeared. On his clips was written "Hate".
The death toll from the school shooting in #Izhevsk rose to 13 people, including 7 children – Investigative Committee of the Russian Federation. pic.twitter.com/T6f4aOTVXC
— NEXTA (@nexta_tv) September 26, 2022
– Напаѓачот се самоуби. Носел црна маица со нацистички симболи и фантомка. Немал никакви документи, во моментов се утврдува неговиот идентитет, соопшти Рускиот истражен комитет.
– Според прелиминарните податоци, извршителот бил вооружен со два воздушни пиштоли модифицирани да користат боева муниција, напиша на Телеграм, Александар Хистеин, шеф на Комитетот за информативна политика на Државната дума.
МИА/видео: Euronews/Следком