На 1 октомври ни претстојува 18. издание на Бела Ноќ во Скопје. Како и секоја година тоа е вечер со богата културна програма за Скопје и скопјани која ги опфаќа сите културни унстанови.
Белата ноќ под името „КИЦ Артленд“ и целовечерна културна програма во облик на мултимедијална манифестација, ќе се случи и во Културно информативниот центар – Скопје.
Како круна на овој настан ја имаме и големата изложба на државната манифестација „Денови на македонска фотографија“ во организација на „Фото сојуз на Македонија“, која го слави својот 60-ти роденден!
Целосната програма во продолжение…
Салон Империјал II, 19 ч.
– Алекс Петковски (инструментал)
– Официјално отворањe
– Ристина Николова и Ивона Нацевска (поетско читање)
– Вокален состав „Мелизма“.
Салон Империјал I, 19:30 ч.
– 60-то јубилејно издание на „Денови на македонска фотографија“
– Академски хор Мирче Ацев
Салон Империјал II, 21ч.
– Трио Џентлмен (концерт)
– Огнен Здравковски (концерт)
– Елена Пренџова и Нино Наумовски (поетски перформанс).
Промотивна објава