еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Тримесечното бебе починало од крварање во главата: Скопјанец до смрт го претепал синот

Oсновното јавно обвинителство Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против 44-годишник, кој при вршење семејно насилство го лишил од живот сопственото дете, со што сторил кривично дело – Убиство од член 123 став 2 точка 2 од Кривичниот законик.

Од ЈО информираат дека ноќта меѓу 25 и 26 септември, додека осомничениот бил во домот со четири малолетни деца, меѓу кои и тримесечниот син, започнал да го удира детето со раце и нозе по главата и телото. На тој начин му нанел повеќе повреди кои предизвикале крварење во черепната празнина, како резултат на кои тримесечното бебе починало.

-Бидејќи постојат околности кои укажуваат на опасност осомничениот да се даде во бегство за да го избегне кривичниот прогон, можност тој да се обиде да влијае врз сведоците, па дури и да го повтори кривичното дело, надлежниот јавен обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор, известуваат од ЈО.​

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Финансиската полиција не влегла во ИВЗ, но денеска има примено пријава за финансиска контрола

Редакција

Починаа пет лица од Ковид-19, вкупно 3.156

Редакција

(ВИДЕО) Штип ќе добие нов стадион: Како ќе изгледа

Редакција