еМагазин
Свет ТОП СТОРИИ

Уништени околу 30% од капацитетите за производство: Украина воведува рестрикции на струја

Украина од денеска воведува рестрикции во снабдувањето со електрична енергија, откако Русија изврши неколку воздушни напади врз нејзината критично важна инфраструктура, објавија властите.

„Денеска, 20 октомври 2022 година, ќе бидат воведени ограничувања за снабдување со електрична енергија низ цела Украина”, објави на Телеграм Кирило Тимошенко, заменик шеф на кабинетот на претседателот Володимир Зеленски.

Тој ги повика Украинците да ја „минимизираат потрошувачката” на електрична енергија. Во спротивно, ќе има „привремени прекини”, предупреди Тимошенко.

Зеленски вчера рече дека од 10 октомври Русија уништила околу 30 отсто од капацитетот за производство на електрична енергија на Украина.

Над 1.000 украински населби се без струја.

Во контекст на тоа, Шпанија денеска објави дека ќе и испрати на Украина пет електрични генератори. Станува збор за четири генератори од 400 киловати и еден генератор од 150 киловати, соопшти шпанското Министерство за одбрана.

МИА/Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

После подолго време, бројката на оздравени е повисока од бројот на заразени со Ковид-19 и изнесува 528

Редакција

Ќе ја напушти ли и Достоинство на Стојанче Ангелов владината коалиција?

Редакција

(Фото) МВР објави фотографија од лицето што го вееше знамето со „голема Албанија“, бара помош од граѓаните

Редакција