еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Владата на Србија ја продолжи забраната за извоз на млеко, не важи за Македонија и Албанија

Владата на Република Србија на денешната седница донесе повеќе изменети прописи и одлуки, чија важност истекува на 31 октомври, меѓу кои е и Одлуката за привремена забрана за извоз на млеко и млечни производи, јави дописникот на МИА од Белград.

-Со оваа мерка ќе се спречат можни штетни последици врз стопанството и граѓаните, а измените се направени со цел да се ублажат последиците и да се спречи критичен недостиг на млеко и млечни производи, поради зголемениот извоз и потребата на населението од зголемено снабдување предизвикано од кризата на светскиот пазар, се наведува во соопштението на владата.

Според Министерството за земјоделство, забраната не се однесува на Македонија и Албанија, како членки на иницијативата Отворен Балкан.

Владата го продолжи лимитот на цените на маслото, брашното, лебот и свинското месо.

-Млекото е отстрането од списокот на прехранбени производи чија цена е ограничена поради состојбата на пазарот во регионот и притисокот од високите цени, но и со цел непречено снабдување со млеко за членовите на Отворениот Балкан, соопштија од Министерството за земјоделство на Србија.

МИА/Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Општина Струга склучи договор со “Енерџи деливери солушнс“ вреден 487,8 илјади евра

Редакција

(Видео) Најдобрите 50. натпревари на единствениот Коби Брајант

Редакција

Ако не се отворат целосно границите и државата не им помогне, туристичките агенции ќе протестираат

Редакција