еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

Руска патрола го киднапирала генералниот директор на украинска нуклеарна централа во Запорожје

Генералниот директор на окупираната од Русија украинска нуклеарна централа во Запорожје, е задржан од руска патрола, соопшти денеска украинската државна агенција задолжена за централата Енергоатом.

Игор Мурашов вчера околу 16 часот по локално време бил приведен на пат од најголемата европска нуклеарна централа кон градот Енергодар, се наведува во соопштението на компанијата.

Тој е изваден од автомобилот и со врзани очи е одведен во непознат правец, се вели во соопштението.

„Неговото приведување од страна на (Русија) ја загрозува безбедноста на Украина и најголемата нуклеарна централа во Европа“, изјави претседателот на „Енергоатом“, Петро Котин и побара од Русија веднаш да го ослободи Мурашов.

Русија засега не потврди дека го привела директорот на централата.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Галерија) Како се престави Македонија на Дубаи ЕКСПО

Редакција

Завршни зборови за случајот „Софтвери“, професорот Димитровски побара ослободителна пресуда

Редакција

Вкупно 1.231: Нови 7 случаи на заразени со коронавирусот

Редакција