еМагазин
Image default
Бизнис

До Владата ќе биде доставена првично скенираната документацијата за изградба на филмски студија во Скопје

Министерството за транспорт и врски првично ги разгледало документите за проектот за изградба на филмски студија во Општина Карпош и во текот на денов или утре ќе ја информира Владата за утврдената состојба.

Ќе има координација и со општината за да се утврди јасна слика за состојбата на терен во однос на евентуални кориснички права.

Ресорниот министер Благој Бочаврски денеска изјави дека тие ќе ги разгледаат сите документи и ќе ги претстават аргументите пред владината Комисија за економски систем, по што се очекува Владата да заземе став за проектот што го најави американската филмска ѕвезда Џон Малкович.

-До Комисијата во Владата беше доставено барање за проект од страна на неколку компании, кое е препратено до Министерството за транспорт и врски. Кај нас се формираше оперативна група и комисија којашто одржа прв состанок на кој што ги разгледа првично документите.

Оперативната група веќе во текот на денов или утре ќе ја информира Владата за тоа каква е документацијата, што е она што е потребно дополнително да се појасни во однос на овој проект и да се дискутира, рече Бочварски, одговарајќи на новинарско прашање.

Тој дополни дека веројатно ќе треба да има дополнителни координации со Општина Карпош заради тоа што земјиштето е на таа територија. Од тој аспект ќе треба Општина Карпош да има дополнително уште еден состанок со институциите, како Агенцијата за просторно планирање и сите оние прашања кои ќе се јават со цел навреме и брзо да ја информираме Владата за идните чекори и постапки, наведе Бочварски.

Не сака да коментира кога би се реализирал проектот, потенцирајќи дека првин треба да има јасна слика на терен.

– Има одредени микро локации што ги даваат во својот проект инвеститорите, но на таа микро локација е изработен и е во сила детален урбанистички план. Поради тоа мораме со Општина Карпош да ја разгледаме целата оваа постапка, да не има некое приватно земјиште.

Корисничките права се исклучително важни во секој, па и во овој проект. Потоа на седница на Комисијата во Владата што ја води потпретседателот Битиќи ќе се разговара со сите аргументи.

Сметам дека после тоа Владата ќе заземе став, наше е да ги разгледаме сите документи и да ја информираме, изјави Бочварски.

Во август годинава познатата американска филмска ѕвезда Џон Малкович најави дека во Скопје ќе се снимаат холивудски филмови, веднаш откако ќе се изградат повеќе филмски студија во околината на градот во рамки на проектот „Скопје технолошки парк“. Тој најави дека ќе го посети Скопје, откако Владата ќе го одобри проектот кој одлучиле да го наречат „Стоунбриџ студија“ во чест на, како што изјави за јавниот сервис, богатата култура и неверојатната историја на македонскиот народ.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Над 281.000 граѓани имаат животно осигурување, вложиле осум милиони евра за три месеци

Редакција

Угостителите со Иницијатива до Народната банка за менување на законските прописи

Редакција

(Галерија) ЕКСКЛУЗИВНО: Како ќе изгледа Штип Сити Мол

Редакција