еМагазин
Image default
Свет ТОП СТОРИИ

(Вознемирувачко видео) Жестоки напади низ цела Украина, во Киев загинаа најмалку осум цивили

Осум цивили загинаа, а 24 се ранети во ракетните напади врз Киев утринава, изјави помошникот на украинскиот министер за внатрешни работи Ростослав Смирнов.

Шест автомобили се запалија по нападот, а повеќе од 15 возила беа оштетени, објави Смирнов на Фејсбук.

Тој додаде дека 30 припадници на службата за итни случаи и шест единици за брз одговор се на местото на настанот во киевскиот кварт Шевченкивски.

Градоначалникот на Киев, Виталиј Кличко соопшти дека проектилите погодиле „критична инфраструктура“ во градот.

„Главниот град е нападнат од руски терористи“, напиша Кличко на Телеграм.

Најмалку 75 проектили истрелани во денешните напади врз Украина

Началникот на генералштабот на украинската армија Валериј Залужни соопшти дека денеска врз Украина биле истрелани 75 проектили.

Залужни на Твитер напиша дека 41 од нив биле соборени од воздушната одбрана на Украина.

„Вооружените сили прават се за да ги заштитат сограѓаните. Сепак, непријателскиот напад продолжува. Ги повикувам сите да останат во засолништа!“, напиша тој.

Украинското Министерство за одбрана на Фејсбук напиша дека ќе се одмазди за денешните руски ракетни напади.

Нападите во Харков предизвикаа прекини на вода и струја

Руските ракетни напади во Харков погодија локација на енергетската инфраструктура, што предизвика прекини во снабдувањето со електрична енергија и вода во некои области на градот, изјави градоначалникот на Харков, Игор Терехов.

Над Харков се регистрирани три летови на проектили и „специјалистите и комуналните работници прават се што можат за да го вратат нормалниот живот во Харков“, напиша Терехов на Телеграм.

Регионалниот шеф на Харков, Олег Синегубов, исто така, ги потврди нападите.

„Непријателот го напаѓа Харков. Има експлозии во градот“, напиша тој на Телеграм.

МИА/Фото: Руско министерство за одбрана/видео: Nexta TV

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Продолжи протестот на работниците од правосудството и управата, Синдикатот се уште нема покана за средба со Владата

Редакција

Обврската за испорака на парно е до издавање лиценца на новa фирма, велат од РКЕ

Редакција

(Вознемирувачко видео) Од удари на гром во еден ден загинаа 83 лица во Индија

Редакција