еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ

„Возиме на струја“: Oд денеска до недела во „Ист Гејт Мол“ ќе се одржи првиот саем на електромобили

Под мотото „Возиме на струја“, од денеска до недела во „Ист Гејт Мол“ ќе се одржи првиот саем на електромобили, информираат од таму.

Возилата од брендовите на Tesla, Alfa Romeo, Fiat, Porsche, Citroen, MG Motors, Toyota, Volkswagen, Opel Corsa, Seres и Yoyo, ќе бидат изложени на различни места во центарот на приземјето во трговскиот центар.

-Сите љубители на автомобили и посетители на „Ист Гејт Мол“ ќе може да ги погледнат изложените модели на електричен погон и хибриди и да се зaпознаат со нивните предности за да се создаде подобра и поеколошка иднина. За време на саемот посетителите ќе можат да ги погледнат и полначите за електрични автомобили на „Olympia Motors”.

Покрај електромобилите ќе бидат изложени и други типови електрични возила и превозни средства: електрични машини за чистење од Green Machines, електрични велосипеди и електрични мопеди од All electrics, како и првото електрично „фиќо“ во земјава, иновација поддржана од Фондот за иновации и технолошки развој и BB Classic, велат од таму.

Саемот на електромобили ќе биде отворен од 10 до 22 часот, паркингот е бесплатен, а партнер на саемот е „Автоплус“. Манифестација е поддржана од покровителот Шпаркасе Лизинг, НЛБ Банка АД Скопје, а присутна ќе биде и ПроКредит Банка Македонија, кои ќе ги презентираат финансиските услуги за набавка на ваков тип на автомобили.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Браво за А1, пример за општествено одговорна компанија!

Редакција

(Видео) Новак Ѓоковиќ ја пееше „Македонско девојче“ и посака да оди во Охрид

Редакција

Висок претставник на Вселенската патријаршија и атинскиот хор „Тропос“ во посета на Бигорски манастир

Редакција