еМагазин
Image default
Македонија

(Фото) Софтверот е набавен со одлука на Влада, премиерот беше запознаен со набавката, велат од правниот тим на Рашковски

По денешното рочиште за предметот „Софтвери“, поранешниот генерален секретер на Владата, Драги Рашковски одржа брифинг со новинарите пред кои презентираше дека постои владин допис за прием со архивски број 45-3576/11, со потпис на тогашниот владин генерален секретар Мухамед Зеќири од кој може да се види дека софверот е предаден во Владата и истиот е инсталиран.

„Имате изјава на премиерот во која вели дека е запознаен со набавката. Уште повеќе што ќе може да ви го доставиме доказот 376. Премиерот писмено се има изјаснето кога Државното правобранителство побара да се изјасни.

Премиерот вели дека сѐ е набавено за потребите на Владата, сѐ е инсталирано, нема штета, се работи, нема никаква штета на буџетот,“ изјави Рашковски и посочи дека по завршување на доказната постапка од Обвинителството, тоа ќе се потврди.

Правниот тим на Рашковски изјави дека софтверот е набавен со Одлука на Влада, со документ за технички прием и во целосно легитимна постапка, а ова го потврдува и ОЈО со материјалните докази.

„Постои одлука на Владата за набавка на „спорниот” софтвер којашто датира од декември 2019 година. Постојат и документи што потврдуваат дека софтверот има технички прием. Тоа значи дека е почитувана целосно постапката за набавка во Влада и дека целиот процес е легитимен.

И покрај тоа што тој документ постои и докажува дека се е законски спроведено, ОЈО го игнорира овој факт и свесно продолжува да брани обвинение кое нема никаква основа.

Поради тоа следниот месец ќе направиме и јавно вештачење на централна скопска улица за да се увери јавноста дека софтверот функционира,“ велат од правниот тим на Рашковски.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поранешниот американски амбасадор во Скопје, Рикер е новиот помошник државен секретар на САД за Европа и Евроазија?

Редакција

Нови 20 случаи на Ковид-19 од 2.885 тестирања, бројот на активни случаи е 425

Редакција

Црна Гора испраќа хеликоптер Бел 412 да помогне во справувањето со пожарите во Македонија

Редакција