еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Околу 150 прехранбени компании ќе бидат префрлени на регулиран пазар на струја за да се намалат цените на основните производи, најави Бектеши

Од 100 до 150 компании од прехранбената индустрија ќе бидат префрлени на регулираниот пазар на струја. Ова е еден од начините и мерките за намалување на цените на основните прехранбени производи, а со тоа и инфлацијата. Оваа мерка би важела од 1 декември 2022 година, кажа министерот за економија Крешник Бектеши во вечерашното гостување во „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

„Имајќи предвид дека треба да се справуваме и со инфлацијата во делот на храната, а одредени компании кои произведуваат основни прехранбени производи имаат за три до четири, па дури и 10 пати поголеми трошоци во импутот електрична енергија, за да се намалат овие трошоци кои се директен импут во крајната цена, ние ќе ги ставиме тие дејности на регулираниот пазар, по конкурентна цена на струјата, но со обврска да се намалат цените на основните прехранбени производи,“ рече Бектеши.

Министерот информираше дека досега државата од почетокот на годината потрошила 272 милиони евра за справување со енергетската криза, средства наменети за субвенционирање на цената на струјата, но и за поддршка на ликвидноста на ЕСМ.

„Доколку Владата не интервенираше во ликвидноста на ЕСМ, досега цената на електричната енергија ќе беше повисока за повеќе од 5 пати. Ние како Влада ги правиме сите напори цената на електричната енергија произведена од ЕСМ, која е државна компанија да биде најниска во регионот,“ додаде Бектеши.

Во однос на парното греење министерот Бектеши кажа дека набавен е гас за првите две недели од октомври по најповолна цена, кој е дупло поевтин од претходните понуди, а очекувањата се дека од следниот месец ќе се обезбеди гас по поконкурентни цени со цел да има најниски трошоци за граѓаните.

„На 15 октомври со почетокот на грејната сезона ќе почне снабдувањето со топлинска енергија, радијаторите во Скопје ќе бидат топли. Топлинска енергија ќе има до крајот на грејната сезона,“ уверува Бектеши.

Министерот ги повика граѓаните да ги следат мерките и препораките за штедење на Владата, бидејќи така ќе заштедат и во домашниот буџет.

Фото: Унсплеш

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Центар го надмина Бутел по бројот на заболени од корона вирусот, во Чаир најмногу 168

Редакција

Консултативна средба за Иловица-Штука: Цијанид и сулфурна киселина нема да се користи и ќе се формира независно тело за мониторинг

Редакција

Триесетдневен куќен притвор за актерката Силвија Стојановска

Редакција