еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

МНР упати вербална нота до Софија поради изјавите на бугарскиот европратеник Џамбаски

Министерството за надворешни работи соопшти дека преку својата Амбасада во Софија упатило вербална нота, со која изразува крајно незадоволство од неодамнешните јавни изјави на членот на Европскиот парламент и ко-претседател на политичката партија ВМРО – Бугарско национално движење (ВМРО-БНД), Ангел Џамбаски.

– Џамбаски во повеќе наврати изразува иредентистички и територијални претензии кон РС Македонија и упатува тешки навреди кон угледот на високи државни претставници на РС Македонија.

Упатувајќи закани и тешки навреди, повредувајќи го достоинството на РС Македонија и нејзините граѓани, г-нот Џамбаски се однесува спротивно на заложбите и стремежите изразени во Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, информираат од МНР.

Министерството посочува дека соодветно на Договорот за пријателство, добрососедство и соработка меѓу двете земји, по ова известување, очекува државното раководство, Владата и Министерството за надворешни работи на Бугарија да го осудат и да се оградат од изјавите на Џамбаски.

– Истовремено, Министерството за надворешни работи би ги ценела евентуалните активности преземени од надлежните институции на Бугарија за преземање мерки за превенција на вакви и слични однесувања, се додава во соопштението на МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Бугарскиот европратеник Џамбаски пред картата на голема Бугарија порача дека Бугарите одлучуваат кои се Македонците

МНР ќе испрати протесна нота: Бугарскиот европратеник Џамбаски ги навреди граѓаните на Македонија, вели словенечката министерка Фајон

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Исидора Бијелица: Чувајте се од оние кои лажно го користат зборот љубов, а многу се

Редакција

Леонид сега е најважен во државата, еве како можете да помогнете

Редакција

Сите детали од новиот протокол за казината: Рулет и блек џек „под маски“ со најмногу три играчи

Редакција