Од Јавнто сообраќајно претпријатие (ЈСП) Скопје информираат дека по налог на МВР, сите возила на ЈСП се повлечени од сообраќај поради анонимна дојава за поставена рачна бомба во едно од возилата.
-Екипите за антитероризам се на терен и постепено возилата се вклучуваат на линија по претходна соодветна безбедносна проверка.
Лицето, вработено во ЈСП, а кое ја испратило заканата е приведено од страна на МВР.
ЈСП нема да дозволи било какви уцени, закани, притисоци и обиди за саботажи да го нарушат работниот процес на претпријатието и ќе продолжи да работи во на интерес на граѓаните.
Безбедноста и сигурноста на вработените во ЈСП и Скопјани секогаш е приоритет на претпријатието, стои во соопштението.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Приведен вработен од ЈСП, пријавил дека ќе постави бомба во автобус оти не земал плата