еМагазин
Image default
БАШ НИ Е ЌЕФ ТОП СТОРИИ

Кавадарци се збратими со украинска Буча

Градоначалниот на Кавадарци, Митко Јанчев и заменик градоначалникот на општина Буча, Украина, Шепетко Серхи денеска потпишаа договор за збратимување на двете општини.

За градоначалникот Јанчев овој договор значи меѓусебна соработка на повеќе полиња од општественото живеење. Тој потсети на помошта и донацијата што беше реализирана за Украина и нагласи дека таа поддршка ќе продолжи и понатаму.

Во името на општината Буча и градскиот Совет, заменик градоначалникот на Буча, Шепетко Серхи се заблагодари за помошта и поддршката и изрази надеж за соработка на културно, образовни и други полиња. Тој се осврна и на моменталната состојба во Украина.

МИА/Фото: Општина Кавадарци

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Димовски: Сите 7 нормативни точки на македонската Резолуција ќе бидат прекршени ако Владата го прифати „францускиот предлог“

Редакција

Колку граѓани треба да се вакцинираат за Македонија да се избори со ковид-пандемијата

Редакција

Народна банка: Третиот бран на Ковид-19 негативно влијаеше на економското закрепнување во првиот квартал, за вториот податоците позитивни

Редакција