еМагазин
Image default
Македонија

Џафери одликуван со Орден од украинскиот претседател Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски потпиша указ за одликување на неколку странски политичари со Орденот на кнезот „Јарослав Мудриот“. И претседателот на Собранието, Талат Џафери е одликуван со овој Орден.

Како што потврдија за МИА од Собранието, одликувањето ќе му биде врачено на претседателот Џафери во Загреб, на конференцијата на Кримска платформа, што ќе се одржи на 25 октомври годинава.

Медиумите во Украина објавија дека соодветната уредба бр.734/2022 е објавена на веб-страницата на шефот на украинската држава.

Како што е објавено, со Орденот на кнезот Јарослав Мудриот, се одликувани и Ненси Пелоси од САД, Бас Бербел од Сојузна Република Германија, како и повеќе политички личности од Полска, Норвешка, Ирска, Швајцарија, Франција, Естонија, Литванија и Хрватска.

МИА/Фото: Собрание

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Двајца починати, 56 нови случаи на Ковид-19

Редакција

Само еден од новопочинатите од корона вирусот имал контакт со потврден случај

Редакција

Заев во Собранието на средби со Џафери и Ахмети

Редакција