еМагазин
Image default
Македонија

Продолжува судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот

Со изведување на материјални докази од Обвинителството во Основниот Кривичен суд Скопје денеска продолжи судењето за убиството на хрватскиот ракометар Денис Тот, кој беше претепан до смрт пред дискотека во Градскиот парк во Скопје.

Обвинителката Тања Трајчевска на денешното рочиште изведе материјални докази – рентген снимки од оштетениот Денис Тот изготвени од Судска медицина.

На минатото рочиште беа изведени видео материјали од безбедносните камери на дискотеката и Сејф сити системот, на кои се гледаат случувањата пред дискотеката на кобната ноќ на 7 април годинава во периодот од 3 и 25 до 3 и 45 минути.

Пред судот, исто така, беа изведени и материјални докази, меѓу кои извештаи од мобилни оператори за повеќе телефонски броеви, извештаи од МВР, упати и извештаи од Ургентен, Токсикологија, Неврохирургија, Радиологија и друга документација.

Основното јавно обвинителство Скопје ги гони обвинетите Анџело Ѓоргиевски, Клементина Левковска и Андреј Костовски за кривично дело „убиство“ од член 123 став 1 во врска со член 22 од Кривичниот законик.

Согласно обвинителниот акт, обвинетите се товарат дека на 7 април, пред ноќен клуб во Градскиот парк во Скопје, заеднички го лишиле од живот оштетениот Денис Тот.

– По кратка расправија, сите тројца му нанеле повеќе удари и тешки телесни повреди од кои кај оштетениот најпрво настанала коматозна состојба, а следниот ден починал, се вели во соопштението од Обвинителство објавено на 21 јули годинава.

Процесот го води судијката Елена Илиевска Јосифовиќ, а застапник на обвинението е обвинителката Тања Трајчевска.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Кривична пријава за поранешен директор на Агенцијата за храна и ветеринарство

Редакција

(Табела) Најмногу вакцинирани со една доза во Неготино, Охрид и Кавадарци

Редакција

Кои правни експерти ги повика Пендаровски за одложувањето на изборите?

Редакција