еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Мицкоски повтори дека ВМРО-ДПМНЕ нема да поддржи уставни измени под постојните услови

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го повтори ставот на партијата дека нема да поддржат уставни измени во Собранието под постојните услови.

– Ако мислат дека пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ги поддржи овие уставни измени под овие услови и овие околности, тогаш еве јавно кажувам дека тоа нема да се случи. Ние имаме јасна позиција – нема да поддржиме уставни измени под овие услови, рече Мицкоски во одговор на новинарско прашање за коментарот на претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен дека очекува да биде обезбедено мнозинство и уставните измени да бидат изгласани во Собранието.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Фон дер Лајен сигурна дека ќе има мнозинство за уставните измени

Мицкоски претходно викендот изјави дека ВМРО-ДПМНЕ ќе поддржи уставни измени само доколку добие гаранции од ЕУ дека земјата ќе влезе во Унијата и дека за време на пристапниот процес, Бугарија нема да стави нови вета.

Во однос на пакетот на помош што го најави Фон дер Лајен, Мицкоски рече дека секоја помош е добредојдена и оти очекува таа да се продлабочи, пред се, со доделување грант во однос на изградбата на пругата кон Бугарија, финансиска поддршка и за коридорите 8 и 10а, како и за енергетски проекти, како што е изградбата на хидроелектраната Чебрен.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Итна помош од 80 милиони евра од ЕУ за Македонија за справување со енергетската криза 

По однос на вчера потпишаниот Договор со Фронтекс на македонски јазик, Мицкоски посочи дека прашањето на јазикот е завршена работа, дека тој е признаен од Обединетите Нации и кодифициран со сите јазични и научни норми и поради тоа, никој не треба да го отвора ова прашање, додавајќи дека договорот е еден од стотиците спогодби што земјата ги има потпишано со меѓународни институции, вклучително и со ЕУ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Фото) Македонија и ЕУ го потпишаа Договорот со Фронтекс на македонски јазик

– Затоа велам, еден од стотиците кои што се потпишани во минатото. Македонскиот јазик е стекнато право, македонскиот јазик е признат заедно со српско-хрватскиот и словенечкиот јазик уште во поранешната Федерација, како дел од македонскиот идентитет, како дел од идентитетот на тогаш конститутивниот народ.

Македонскиот народ е дел од ОН со самиот влез на таа поранешна Федерација, признаен од Обединетите Нации, кодифициран 77-мата. Тоа е константа и мислам дека колку повеќе ја отвораме оваа тема толку е полошо за нашиот идентитет.

Тоа е затворено прашање, не треба воопшто некој ниту да го отвора, ниту да го подотворува. Македонскиот јазик е константа и за тоа не треба преговори и разговори, истакна Мицкоски, кој при тоа го поздрави договорот со Фронтекс, оценувајќи го како додадена вредност во сферата на безбедноста.

Тој тврди дека премиерот Димитар Ковачевски не ја зборува вистината кога вели дека нема да бидат затворени ТЕЦ „Осломеј“ и РЕК „Битола“ или пак не го прочитал предлог законот кој е доставен во Парламентот, а се однесува на ликвидноста на ЕСМ, а во кој е наведено како услов затворање на „Осломеј“ до 2023 година и на РЕК „Битола“ до 2027 година

– Ако го прочитате законот јасно кажува дека за да биде ефектуиран тој заем од 100 милиони евра, се бара затворање на овие два производни капацитети и интегрирање на македонскиот пазар прво со грчкиот во четвртиот квартал во 2022 година, а во 2023 година и со бугарскиот. Или јас тоа би го нарекол енергетска анексија  на Македонија, вели Мицкоски.

МИА/Фото: ВМРО-ДПМНЕ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Прекрасна изведба на „Јовано, Јованке“ на славејот Ајдин и ансамбал од Тузла

Редакција

Парични казни за веридба со 30 и свадба со 90 гости во Скопје

Редакција

Следи забрзано темпо на вакцинација, наставниците се во приоритетните групи, вели Филипче

Редакција