еМагазин
Image default
Македонија

ВМРО-ДПМНЕ повторно ќе го поднесе Предлог-законот за намалување на акцизите за горивата

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За обнова на Македонија“ најави дека во текот на денешниот ден до Собранието повторно ќе го поднесе Предлог законот за намалување на акцизите, со кој се предлага 50 отсто намалување на акцизите за бензинот и дизелот, како и 100 проценти намалување на акцизите за течниот природен гас.

Според пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Тони Јаревски, граѓаните и стопанството за секој наточен литар гориво плаќаат енормно високи цени при што во моментов еден литар дизел гориво чини 99 денари, бензин 98 чини 92,5 денари, додека бензин 95 е 90,5 денари.

Тој вели дека со прифаќање на овој предлог закон граѓаните ќе плаќаат поевтино 11, односно 13 денари за литар бензин и 8, односно 9,5 денари поевтино за литар дизел гориво.

– Точно е дека Владата не може да влијае на цената на светските берзи, точно е дека Македонија нема нафтени полиња, но исто така точно е дека власта доколку сака може да влијае врз давачките кои ги плаќаат граѓаните и стопанството.

Ја повикуваме власта да се фокусира на решавање на проблемите на граѓаните и да го прифати овој наш Предлог закон и наместо парите да ги троши на бифтеци и сомнителни тендери, тие средства да останат кај граѓаните и компаниите со цел полесно да ја надминат кризата, рече пратеникот Јаревски презентирајќи ја оваа нова предлог – мерка која смета дека реално ќе биде од помош за граѓаните и компаниите.

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Мицкоски го користел уставното име на состаноците на Самитот на НАТО

Редакција

Измената во Законот за лекови доаѓа после специфичното барање на компанијата „Фајзер“, вели Филипче

Редакција

Ковачевски се сретна со Радев, разговарале за справување со енергетската криза

Редакција