еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Викендов пообилни врнежи, засилен ветер и заладување

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот, викендов ќе преовладува облачно време со поремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и обилни и до над 35 литри на квадратен метар.

Според прогнозата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР), врнежливо ќе биде особено од сабота кон крајот на денот до недела претпладне.

-Во сабота ќе дува засилен, повремено силен ветер (над 65 километри на час) од југоисточен правец. Дневната температура до недела насекаде ќе опадне за околу 10 степени, соопшти УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во октомври ќе се одржи вонреден Самит за проширување на ЕУ

Редакција

Зголемување: Блокирани сметките на 111.056 граѓани и фирми

Редакција

Парите не се за плати: Планинската спасителна служба при Црвен Крст Охрид го демантира градоначалникот Георгиески

Редакција