Во атарот на битолското село Старавина во четвртокот биле пронајдени 837 стари неексплодирани бомби од Првата светска војна, соопшти МВР.
На 10 ноември во 13:30 часот во СВР Битола, било пријавено дека во атар на село Старавина, битолско, биле пронајдени 837 стари неексплодирани бомби кои потекнувале од Првата светска војна.
Пронајдените експлозивни направи биле подигнати од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошно постапување.
Фото: emagazin.mk
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.