еМагазин
Image default
Македонија

Моника Зајкова единствен кандидат: ЛДП денеска бира претседател

Под слоганот „Обединето, храбро, гласно!“, Либерално-демократската партија денеска ќе одржи осми конгрес за избор на партиски претседател што ќе го наследи досегашниот лидер Горан Милевски, кој партијата ја водеше од 2015 година.

Кандидат за лидер на ЛДП е Моника Зајкова, потпретседатека на партијата и пратеничка во актуелниот собраниски состав, која на конгресот ќе има свое претставување.

Од гостите од странство,  поддржувачи на ЛДП, на конгресот ќе се обратат Роман Јакиќ, претседател на Либералната мрежа на Југоисточна Европа, Лилјана Танги, членка на движењето „Напред!“ пратеничка во Националното собрание во Франција, Хакима Ел Хаите, претседателка на Либерална интернационала и Илхан Ќучук, европратеник, воедно и известувач за земјава, лидер на Европските либерали – АЛДЕ, претставник на бугарската партија ДПС.Покрај делегатите, на конгресот ќе присуствуваат и гостите претставници на политичките партии од земјава и странство, како и соработници на ЛДП.

Настанот ќе се одржи во х. „Александар палас“ од 12 часот и ќе може да се следи и онлајн на фејсбук-страницата на ЛДП: www.facebook.com.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Која е Моника Зајкова, единствениот кандидат за нов претседател на ЛДП

МИА/Фото: МИА/Фејсбук/Зајкова

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Јанкулоска излезе од затвор за викенд и се сретна со Мицкоски, среде „војната“ со Груевски

Редакција

Учебната година почнува со физичко присуство, апелираме родителите да се вакцинираат, велат од Министерство за здравство

Редакција

Голем интерес за вакцинација: За неколку часа во Скопје се потрошија вакцините против грип кои чинеа 800 денари

Редакција