еМагазин
Image default
Македонија

Клиниката за онкологија формираше конзилиум за правилна и подобрена покриеност на пациентите со биолошка терапија

Новата в.д. медицинска директорка Виолета Клисаровска на Универзитетската клиника за радиотерапија и онкологија формираше онколошки конзилиум, надлежен за правилна и подобрена покриеност на пациентите со биолошка терапија.

Исто така, во тек е обновување на онколошките протоколи за лекување, согласно медицина базирана на докази, но адаптирани во рамките на актуелните можности на буџетот на клиниката, информираат од Универзитетската клиника.

-Биолошката терапија, односно лековите кои не се на позитивна листа, ги обезбедува клиниката преку условен буџет, кој е дефиниран во соработка со надлежните институции.

По насока на Владата и Министерството за здравство, спроведуваме ревизија која очекуваме во брз рок да даде анализа и јасен пресек на состојбата. За овој дел, јавноста ќе биде дополнително информирана се со цел заштита на јавниот интерес, се наведува во соопштението.

Од Клиниката додаваат дека се работи и на анализа која дополнета со наодите од ревизијата ќе биде основа за преземање на други чекори и активности за креирање ново системско решение кое ќе оневозможи каква било злоупотреба на процесите, во интерес на пациентите и граѓаните.

Фото: МЗ

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Започна судењето: Жан Митрев не се чувствува виновен за „измама“, Обвинителството тврди дека ќе ја докаже вината

Редакција

Пред седницата во Собранието во петок, ВМРО-ДПМНЕ повтори дека уставните измени нема да поминат

Редакција

Партијата на Реџепи прва се приклучи на „Европскиот фронт“ на ДУИ

Редакција