еМагазин
Image default
Локално ТОП СТОРИИ

Снимала видео за Тик-Ток: 17-годишна девојка се здобила со тешки изгореници, кога се качила над еден од вагоните на Железничката станица

Во 13.41 часот во СВР Скопје било пријавено дека на Железничка станица-Маџари, над еден од вагоните, дошло до струен удар, при што со повреди се здобила 17-годишна малолетничка, објави телевизија Сител.

На лице место излегле полициски службеници, Итната медицинска помош и малолетничката е пренесена во Ургентниот центар за укажување лекарска помош.

Од таму за Сител изјавиле дека девојчето е во стабилна состојба, но со висок степен и процент на изгореници по телото.

До инцидентот дошло додека таа снимала видео за Тик-Ток, изјавила девојката за истражните органи.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Со нож и чекан сакал да се пресмета со сопственик на играчница

Редакција

Антикорупциска комисија во извештајот на ЕК е нотирана како проактивна во превенција на корупцијата и во отворање голем број предмети, вели претседателката Ивановска

Редакција

Ист Гејт Мол слави втор роденден

Редакција