еМагазин
Image default
Бизнис

Водечки прехранбени компании, иако побарале, нема да добиваат субвенционирана струја зашто имаат фотоволтаици

Компании од прехранбената индустрија, иако опфатени со мерката за субвенционирана струја, не ќе може да склучат договори со ЕСМ. Аплицирале, но се одбиени зашто имале фотоволтаици.

Како што велат за МИА од Стопанската комора, се работи за носечки компании во одделни прехранбени сектори.

-Иако опфатени со мерката за субвенционирана струја од 1 декември, некои компании од прехранбената индустрија, водечки во своите сектори, не ќе може да склучат договори со ЕСМ зашто имаат поставено фотоволтаици, истакнуваат од Комората, но не откриваат конкретно за кои компании станува збор.

Заклучно со 23 ноември, кога истече крајниот рок за пријавување за субвенционирано снабдување со електрична енергија по повластена цена, апликации доставиле 235 субјекти, физички и правни лица, од областа на прехранбениот сектор.

Согласно одлуката на Владата компаниите кои вршат производство на основни прехранбени производи како масло за јадење, леб и пекарски производи, брашно, млеко и млечни производи, месна и живинарска индустрија ќе добиваат субвенционирана електрична енергија преку „ЕСМ продажба“ по цена од 80 евра за мегават час.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ Продажба ги испрати по пошта договорите за субвенционирано снабдување, поевтина струја од 1 декември

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Поништен тендерот за надзор: Се одложува почетокот на изградбата на автопатиштата кои ќе ги гради „Бехтел и Енка“

Редакција

На 30 минути беше прекинато тргувањето на Македонската берза, индексот забележа пад од 8,39%

Редакција

Прва инвестиција со посредство на Zephyr Angels во Vendor во Стартап Клуб Скопје

Редакција