еМагазин
Image default
БЕНЧМАРК ТОП СТОРИИ

ЕУ постигна договор за ограничување на цената на руската нафта на 60 долари за барел

Европската Унија формално ја потврди одлуката за воведување ограничувања на цената на нафтата што се транспортира по морски пат од Русија, објави Чешка, која претседава со ЕУ.

„Амбасадорите штотуку постигнаа договор за ограничување на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат. Следува писмена процедура, а одлуката за ограничување на цената на руската нафта ќе стапи во сила по објавувањето во Службен весник,“ соопшти Чешка.

Амбасадорот на Полска во ЕУ, Анджеј Садош, претходно изјави дека Полска се согласила на договор со ЕУ за ограничување на цената на руската нафта што се транспортира по морски пат на 60 долари за барел.

Варшава инсистираше цената да биде под пазарната, со цел да се ограничат приходите на Москва за финансирање на војната во Украина.

Ограничувањето на цената на нафтата, идеја која потекнува од Г7, има за цел да ги намали приходите на Русија од продажбата на нафта, но и да спречи скок на цената на нафтата на светско ниво, по ембаргото на ЕУ за руските енергетски производи што ќе влезе во сила на 5 декември.

Садош појасни дека ЕУ сега може да започне писмена процедура за сите 27 членки на ЕУ официјално да го одобрат договорот и да го објават на 4 декември, ден пред да стапи во сила ембаргото.

МИА/Фото: Unsplash

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Настел продаде, членот на НО на Реплек, Андреевски, купи акции на компанијата

Редакција

Земјоделците да бидат внимателни во близина на далекуводите, апелираат од МЕПСО

Редакција

„Винер“ го доби тендерот за осигурување на вработените во МВР вреден 51 милион денари

Редакција