еМагазин
Image default
Бизнис

А1 Business Pro тарифи, најнова атрактивна понуда за деловните корисници

А1 Македонија со огромно задоволство го најавува новото портфолио за мобилни услуги за деловните корисници A1 Business Pro, кое нуди комплетно решение за сите компании и низа атрактивни поволности, информираат од таму.

“Свесни за потребата на компаниите за стабилност во поврзувањето и неограничена комуникација за водење на своите бизниси, го креиравме новото A1 Business Pro тарифно портфолио кое нуди флексибилност во комуникацијата и поврзаност преку најбрзата мобилна мрежа, но и можност за користење на интернет со гигабитни брзни преку 5G мрежата на А1 и секако дополнителни субвенции и нови смарт уреди.

Ова е уште еден доказ за нашата посветеност кон градењето партнерски однос со нашите деловни корисници кои се инспирација за креирање на најдобрите понуди на пазарот”, изјави Елена Панова, директорка за маркетинг и дигитална трансформација во А1 Македонија.

Со новото портфолио, А1 воведува пет нови А1 Business Pro пост пејд тарифни модели за мобилна телефонија, со исклучителни бенефиции дизајнирани да овозможат уште поголем избор и повеќе вредност со цел да се пресретнат комуникациските потреби на корисниците од корпоративниот сегмент.

Со избор на еден од тарифните модели, деловните корисници добиваат неограничен интернет, 5G достапност, вклучен роаминг сообраќај и можност за избор на бесплатен пакет според желбите и потребите на корисниците, како и можност за зголемен буџет за набавка на уред согласно тарифата која ја избираат.

Со комбинирање на мобилните и фиксните услуги во А1 Combo Business пакет, корисниците добиваат дополнителни поволности во облик на уште поголеми попусти и поголеми буџети за набавка на уреди.

Дополнително, со секоја активација или обнова на мобилна линија во рамки на А1 Combo Business, деловните корисници добиваат и можност за користење на услугата A1 Net Protect 24 месеци бесплатно за дополнителна безбедност при користење на најбрзата мобилна мрежа.

Повеќе информации за понудата можете да најдете на www.a1.mk.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Усје ги исполниле задолженијата и од вчера почнала да користи гас за загревање

Редакција

Блумберг Адриа почна со работа

Редакција

Поради самоволие за милионски тендер, разрешен директорот на ЈП „Водовод и канализација“, Златко Перински

Редакција