еМагазин
Image default
Свет

(ВИДЕО) Масакaр во живо на турнир за видео игри во САД: Најмалку четворица мртви

Најмалку четири лица загинаа, а седум се повредени во оружен напад што се случи на турнирот за играње видео игри во Џексонвил, во американската сојузна држава Флорида.

Полицијата потврди дека осомничениот за нападот е мртов.

Шерифот на Џексонвил, Мајк Вилијамс изјави дека се уште се работи на идентификација на осомничениот, но истакна дека е белец.

Дел од американските медиуми објавија дека напаѓачот е 24-годишениот Дејвид Кац од Балтимор, кој учествувал на турнирот.

Според непотврдени информации, напаѓачот убил четири лица, а потоа се самоубил.

Турнирот во играње видео игри „Madden NFL 2019“ беше пренесуван во живо преку интернет.

Видео:Youtube/Grant Benson

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топлотен бран во Европа: Можна нова рекордна температура

Редакција

Русија за уште 33% ја намали испораката на гас за Европа преку Северен тек

Редакција

Активиран членот 4, денеска итен состанок на НАТО за експлозијата во Полска

Редакција