еМагазин
Image default
БЕСПАРИЦА ТОП СТОРИИ

Студентите бараат одговор кога ќе им бидат исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк

Движењето Студентски отпор за правда на студентите реагира на тоа што на студентите се уште не им се исплатени средствата за субвенциониран студентски оброк и најавуваат дека доколку не добијат информации кога тоа ќе се случи ќе организираат протести.

„Според законското решение кое беше донесено пред само неколку месеци беше предвидена исплата на средствата за субвенциониран студентски оброк до 15 декември оваа година.

Конкурсот за аплицирање траеше до 3 декември, а студентите се уште немаат добиено повратна информација од Министерството за образование и наука (МОН) и не знаат кога ќе им бидат исплатени средствата.

Ние предупредувавме уште кога се носеше ова конфузно законско решение дека нема да ги даде посакуваните резултати и дека ќе биде на штета на студентите,“ велат од Студентски отпор за правда на студентите.

Тие ги повикуваат оние кои преговарале во име на студентите, да се изјаснат по однос на новонастанатата ситуација, а од МОН и министерот за образование и наука бараат одговор кога студентите ќе ги добијат финансиските средства што законски им следуваат.

Доколку не добијат одговор, ќе организираат масовни студентски демонстрации.

Фото: МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки нето-плати во март

Редакција

5.000 км низ Западен Балкан: Лансирана велосипедската рута „Транс Динарика“ со дигитална навигациона апликација

Редакција

Каков имот пријавил новиот генерален секретар на СДСМ, Љупчо Николовски

Редакција