еМагазин
Image default
НАША ТЕМА ТОП СТОРИИ

Каков имот пријавил Мустафа Хајрулахи, единствениот кандидат за нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Обвинителот Мустафа Хајрулахи е единствениот кандидат за нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје. Тој моментално е на таа позиција и ако биде избран, ќе добие втор мандат.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советот на јавни обвинители за в петок закажа продолжение на седницата за избор на нов шеф на Вишото јавно обвинителство – Скопје

Од трката се повлекоа обвинителите Фатиме Фетаи и Бурим Рустеми.

еМагазин го разгледа анкетниот лист на Хајрулахи, кој го доставил до Антикорупциска комисија кога дошол на оваа функција.

Каков имот пријавил

Според неговиот анкетен лист, од недвижен имот, како заеднички, пријавил стан во Скопје од 46 метри квадратни.

Вози две возила, БМВ и Рено 5, а пријавил уште едно возило, но не навел чиво е.

На свое име пријавил и кредит од 35 илјади евра, кој го зел во 2017 година, а треба да го врати во 2037 година.

Фото: Министерство за правда

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Топ пет највисоки просечни плати: Програмерите со 65.536 денари убедливо на врвот

Редакција

Грција ќе бара од ООН дополнителен анекс на Преспанскиот договор за македонскиот јазик

Редакција

Голема разлика во цените: Два станови во Куманово за еден во скопски Карпош

Редакција