Советот на јавни обвинители на продолжението на 70-тата седница, денеска за шеф на Вишото јавно обвинителство Гостивар, го избра Фарик Арслани.
Во трка беа тројца кандидати: Деса Пауновска (четири гласа за, еден против и тројца воздржаи), Душица Димитриевска (два гласа за, четири против и двајца воздржан) и Фарик Арслани (седум гласа за и еден воздржан).
Советот на ЈО, на денешната седница, ги избра и Оливера Нечаковска за шеф на ОЈО Битола, Цветанка Богоевска за ОЈО Велес, Душица Димитриевска за ОЈО Гостивар, Елизабета Милева Јорданова за ОЈО Кавадарци и Теута Рамадани за ОЈО Куманово.
На дневен ред на 70-тата седница на Советот на јавни обвинители, беше и одлуката за објавување на оглас за четворица јавни обвинители во Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, но беше одложена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Единствениот кандидат, Мустафа Хајрулахи, избран за шеф на Вишото јавно обвинителство Скопје
МИА