еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Дојави за бомби и во три основни училишта во Прилеп

По добиени дојави за подметнати експлозивни направи, денеска е спроведена евакуација на присутните во прилепските основни училишта „Гоце Делчев“, „Блаже Конески“ и „Добре Јованоски“.

Се очекува пристигнување на единици на МВР за антитероризам за проверка на објектите.

Според Сања Стаматова од СВР-Битола, дојавите за подметнати бомби во трите училишта стигнале на ист начин, преку официјалната електронска адреса на училиштата.

Ова е прв случај на закани со подметнати бомби во училишта во Прилеп.

Според градските власти, директорите на училиштата од претходно имаат добиено упатство како да постапуваат во случаи со закани за подметнати бомби.

Претходно денескаа, дојави за поставени бомби беа упатени и на електронските адреси на неколку училишта во Скопје, Тетово и Битола.

Од МВР информираа дека заканите биле упатени до седум училишта во Скопје, две во Тетово и едно во Битола.

Веднаш по добиените пријави, полициски службеници преземале мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се спроведуваат мерки за расчистување на случаите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Дојави за бомби во училишта во Скопје, Тетово и Битола

МИА

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Наши дипломати во Киев се во скривница, МНР се обидува да ги евакуира

Редакција

Излез од Македонија без ПЦР тест и потврда за прележаност или вакцинација, трудниците да се вратат на работа, предлага Комисијата за заразни болести

Редакција

Кој е Митко Јанчев, старо-новиот градоначалник на Кавадарци

Редакција