еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

(Видео) Делото застарува за 4 месеци: Мијалков спроведен во Кривичен за „Титаник 2“

Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК), Сашо Мијалков денеска е спроведен од затворот од Струга во Кривичниот суд на судење за случајот „Титаник 2“.

Тој во струшкиот затвор ја издржува тригодишната казна од случајот „Империја“.

Кривичното гонење за него застарува за четири месеци, односно во април 2022 година.

Случајот е во фаза на доказна постапка по вторпат, откако во декември 2019 година Апелацискиот суд Скопје ја укина пресудата од Кривичниот суд со затворски казни.

Мијалков се гони за противзаконско влијание во изборните нерегуларности во 2013 година.

Кривичниот суд во 2019 го осуди Мијалков за примање награда за противзаконито влијание.

Според обвинението на Специјалното јавно обвинителство, Мијалков преку лидерот на ДПА, Мендух Тачи, нарачал да му наложи на сопартиецот од ДИК, Бедредин Ибраими, да гласа за поништување на регуларно гласање во избирачко место во Струмица, во корист на Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ, на штета на тогашниот кандидат за градоначалник, Зоран Заев.

Во декември истата година Апелациониот суд ја укина пресудата поради суштествени повреди на постапката и случајот го врати на повторно судење.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Пак пропусти за Мијалков, може да се спаси и од судењето за „Титаник 2„

„Уште фали Мијалков да го вратат директор у УБК“: Твитер реакции за укинувањето на пресудата за „Таргет-Тврдина“

Новинар на А1он го праша дали доаѓа од хотелот Мериот во Скопје или од затворот во Струга:

МИА/еМагазинФото: МИА/Видео: А1он

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Заев: Нема докази дека Русија се меша во внатрешните работи на Македонија

Редакција

ЕСМ склучи договор со “Цеацон“ вреден 1,4 милион евра

Редакција

Каков имот пријавил Хусни Исмаили, поранешниот министер за култура за кој Антикорупциска бара кривично да се гони

Редакција