еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Здружението „Студентски отпор“ бара оставка од министерот Шаќири

После вчерашната ситуација во Студентскиот дом „Пелагонија“ каде што голем број на студенти се соочија со здравствени потешкотии по труење со храната од мензата, денеска се соочивме со уште едно разочарување за студентите, велат од Здружението „Студентски отпор“.

„Штотуку започна исплатата за стипендиите на студентите, но само на тие што продолжуваат.

Покрај тоа што беше ветено дека ќе се започне најпрвин со исплата на ланските средства кои не беа изедначени со новата сума, ниту тие средства беа исплатени, а ниту новите рати за стипендии кои ги добија студентите денес не беа по изедначената сума, односно ја добија истата сума како лани, за која Комисијата за спречување и заштита од дискриминација утврди дека е дискриминаторска.

Резултати за новоподнесените апликации за стипендии се уште нема, иако првиот семестар од академската година заврши, а резултатите од истиот лани од Министерството за образование и наука ги објавија во месец октомври.

Сè уште нема укинување на рестриктивните мерки кои важат за штедење на електрична енергија во студентските домови, и студентите таму се уште живеат со рестрикции, со млако парно, млака/ладна вода и со исклучени лифтови и решоа.

Студентите повторно се извисени од надлежните институции пред празниците кои следат.

Студентски отпор бара неотповиклива оставка од Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири и разрешување на директорот на ДСД „Скопје”, Виктор Велевски,“ се вели во соопштението.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Студенти од домот „Пелагонија“ завршија на Инфективна клиника по труење со храна од мензата

Агенцијата за храна привремено ја затвори мензата во „Пелагонија“

Фото: Пелагонија

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Познатиот јутјубер Стефанатор ја бие најважната животна битка, проговори за борбата со ракот на тестиси

Редакција

Рускиот филм „Една вера, еден народ“ во кој се посочува дека Кирил и Методиј немаат врска со Бугарија е провокација, велат од бугарско МНР

Редакција

БЕСА бара предвремени избори по одлагањето на стартот на преговорите со ЕУ

Редакција