еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Државата и натаму нејасна – гасот певтин, а ние го купуваме по фиксна и поскапа цена

Земјите во Европа со сите сили бараат начини како да заштедат или да го спуштат нивото на јавните трошења, притоа, со природниот гас на светските берзи се тргува по најниски цени од почетокот на енергетската криза, а Македонија одлучи да го купува за фиксна и поскапа сума.

Домашната компанија што ги превзема топланите, за набавка на енергенсот за нивно функционирање избра фирма што понуди непроменлива цена, која што сега е повисока од моментно актуелната на берзите. И како резултат на тоа, од буџетот само за јануари ќе се потрошат милион евра повеќе.

Ваквиот пристап отвора клучна дилема – кој ќе ја покрие разликата доколку гасот поскапи и бугарската компанија не е во можност да го плати истиот, што би значело прекин на снабдувањето со гас за македонските топлани, а со тоа и на греењето во институциите, правните субјекти и индивидуалните домаќинства.

Регулаторната комисија на Бугарија ја категоризира „Балкан Јутилитис“ како микропретпријатие и според нивните извештаи, тие во изминативе три години во две работеле со загуба.

Првите луѓе на ЕСМ изјавија дека бугарската фирма доставила банкарска гаранција и таа ќе биде активирина ако е потребно, но досега нема одговор која е банката што ја дала гаранцијата, ниту, пак, тој документ е приложен на увид на јавноста.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ако „Балкан Јутилитис“ не испорачува гас согласно договореното, ќе ја активираме банкарската гаранција, вели Ковачевски

Наспроти ова, на повикот на ЕСМ за набавка на гас за тековниот месец, „Макпетрол“ учествуваше со цена која што беше променлива, односно врзана за движењата на берзите. Доколку државната компанија се одлучеше за овој пристап, којшто и самата го практикуваше цела измината година, за гасот ќе платеше помалку. Македонскиот понудувач преку соопштение објави дека за набавка на 61.693 мегават часови за потребите на „ЕСМ продажба“ доставил променлива цена според берзанските цени, од 116,2085 евра, а „Балкан Јутилитис“ дал фиксна цена од 115,97 евра, односно пониска за 0,2385 евра.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“: Пресметките докажуваат дека државата ќе плати повеќе од 1 милион евра за набавката на природен гас

За потребите на „ЕСМ енергетика“, пак, „Макпетрол“ понудил 110,2178 евра во истиот период за 33.670 мегават часови, а за истото количество енергија, „Балкан Јутилитис“ приложил цена од 115,97 евра, односно за 5,7522 евра повисока од понудeната на македонската компанија. Кога ќе се соберат количините и разликата во цената се добива износ од 178,963 евра во корист на понудата на „Макпетрол“ уште во моментот на одлучување. Според сегашниот статус на берзите, оваа разлика достигнува над милион евра, колку што државата поскапо ќе го плати гасот од „Балкан Јутилитис“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ЕСМ: Макпетрол имаше повисока цена за природен гас во споредба со другиот понудувач во моментот на носење на одлуката за избор

ЕСМ до јавноста испрати соопштение, но во него граѓаните не добија одговор ниту ги потврдуваат ниту ги негираат наводите на „Макпетрол“. Во нивното обраќање тие не се осврнуваат ниту на разликата од околу 180 илјади евра во корист на македонската компанија во моментот на одлучување, ниту, пак, на вкупната разлика, која што според сегашниот статус на берзите, е поголема од еден милион евра, кои што како повисока цена државата ќе ги плати на „Балкан Јутилитис“.

Дополнително, ЕСМ во соопштението најави дека и за февруари ќе се следи истата практика, односно и за тој месец пресуден фактор ќе биде пониска, но фиксна цена за гасот.

Придржувањето до принципот на фиксна цена, особено во период кога цените на берзите продолжуваат да паѓаат, може да значи само едно – дека државата непотребно и нелогично ќе плаќа поскапо за да го набави природниот гас потребен за работата на топланите. Ова ќе значи дека несоодветното трошење на јавните финансии ќе продолжи, а притоа останува нејасно чија ќе биде одговорноста за ваквите постапки во време на глобална енергетска и економска криза.

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МПЦ за оспорувањето во бугарските медиуми: Црковните теми и содржини да се остават на црковните дејци и авторитети

Редакција

Даути-транспортшпед лани со добивка

Редакција

„Мермерен комбинат“ урива рекорди: Остварена добивка од 22,8 милиони евра

Редакција