еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

ЕСМ: Макпетрол имаше повисока цена за природен гас во споредба со другиот понудувач во моментот на носење на одлуката за избор

До 31.2.2022г на сите повици на ЕСМ Продажба и Енергетика за набавка на природен гас пристигнуваше единствено понуда од Макпетрол и истата се прифаќаше без оглед дали понудената цена беше повисока од тековните цени на берзата, реагираат од ЕСМ на соопштението на Макпетрол.

-Со потпишување на Договорот меѓу РС Македонија и Р Бугарија се отвори можност и други снабдувачи со природен гас да поднесат понуди.

Во моментот на носење на одлуката за избор на најповолна понуда за набавка на природен гас за јануари 2023г, во постапката спроведена од страна на ЕСМ Продажба, цената понудена од Балкан Јутилитис од 115,97е/MWh беше пониска од цената понудена од Макпетрол од 116,20e/MWh.

Во тој момент цената на берзата изнесуваше 137e/MWh.

Доколку Макпетрол како голем трговец и снабдувач на пазарот имаше сознанија за корективни движења надолу на берзанската цената на гасот, ќе беше позитивно да понуди пониска фиксна цена согласно пазарните предвидувања на компанијата, со оглед на тоа што во јавниот повик беше јасно наведено дека услов за разгледување на понудите е понудена фиксна цена.

ЕСМ Продажба во следните денови ќе спроведе јавен повик и постапка за набавка на природен гас за февруари 2023г, на кој го повикуваме и Макпетрол и другите лиценцирани снабдувачи и трговци со гас да достават понуди со што пониска фиксна цена, велат од таму.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Макпетрол“: Пресметките докажуваат дека државата ќе плати повеќе од 1 милион евра за набавката на природен гас

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Министерството за труд вработува 15 државни службеници, плата до 25.023 денари

Редакција

Вкупно 1.004: Починаа уште 10 лица од Ковид-19

Редакција

(ФОТО) Осмомартовски марш: Државата конечно да почне да постапува за насилниците кои малтретираат, застрашуваат, тепаат и убиваат жени

Редакција