еМагазин
Image default
Локално

Татко со нож му нанел повреди на синот во угостителски објект на Бит-пазар

Полициски службеници од Полициската станица Бит-пазар вчера на улицата „Решад Џафери“ го лишиле од слобода А.С.(46) од Скопје, кој се сомничи дека во неговиот угостителски објект на Бит-пазар со нож му нанел повреди на неговиот син В.С. (22).

Како што информираат од МВР, повредениот бил пренесен во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ за укажување помош.

Полициски службеници извршиле увид и ножот бил пронајден и одземен, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот, Одделението за семејно насилство – Единица за насилен криминал при СВР Скопје ќе поднесе соодветна пријава.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

„И здравје и работа“, локална иницијатива на населението во Струмичката котлина

Редакција

Тешко повредено седумгодишно дете откако џип излетал од автопатот Неготино-Демир Капија

Редакција

Почина 19-годишното момче од Сараќино кое беше повредено во сообраќајка на 16 јануари

Редакција