На 04.07.2019 година околу 05.00 часот на автопатот Неготино – Демир Капија патничко возило „Тојота РАВ 4“ со австриски национални ознаки, управувано од M.В.(34) од СР Германија, излетало од патот, информира МВР.
Притоа, со тешки телесни повреди се здобило седумгодишно дете, сопатник во возилото, кое било пренесено во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје. Извршен е увид на местото на настанот.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.