еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Јовица Стојановиќ назначен за в.д. директор на Управата за извршување санкции

Владата денеска на седница го прифати предлогот на министерот за правда и за в.д. директор на Управата за извршување санкции го именуваше Јовица Стојановиќ до изборот на нов директор.

Како што соопшти владината прес-служба, Владата на 120-тата седница го прифати и предлогот на министерот за правда да се распише јавен оглас за именување нов директор на Управата за извршување на санкции, како што е образложено, согласно член 27, став (2) од Законот за извршување санкции.

Стојановиќ е именуван за в.д. директор на Управата за извршување санкции откако вчера Владата го разреши од должноста досегашниот директор Марјан Спасовски по бегството на осуденикот Беким Мемети од затворот „Идризово“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Поради бегството на Мемети разрешен директорот на Управа за извршување на санкциите Марјан Спасовски

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

На компаниите треба да им се утврдат правилата на игра, но и да им се дозволи слобода во регулирањето на нивното работење, вели Азески

Редакција

Уште двајца министри поради Македонија го напуштаат кабинетот на Петков

Редакција

Најмалку 912 загинати и 5.383 повредени во земјотресот во Турција, изјави Ердоган

Редакција