еМагазин
Image default
Македонија

Одложено рочиштето во Апелација, Груевски морал во друг суд за „Насилство во Центар“

Во Апелацискиот суд во Скопје денеска почна и веднаш се одложи јавната седница, на која треба да се одлучи по жалбата на поранешниот премиер Никола Груевски за пресудата во случајот „Тенк“ на СЈО за набавката на луксузниот „мерцедес“ вреден 600 илјади евра.

Причина за одложувањето на седницата е неприсуството на осудениот Груевски и неговите четворица адвокати, кои според претседателката на кривичниот совет Цветанка Перишиќ, уредно го известиле судот дека денеска ќе приствуваат на рочиштето во Кривичниот суд Скопје за предметот на СЈО „Насилство во центар“, во кое Груевски, исто така, е обвинет.

Седницата е презакажана за утре.

Во случајот „Тенк“, поранешниот премиер е осуден на две години затвор како поттикнувач за извршување на делото, додека поранешниот помошник министер во МВР, Ѓоко Поповски, е осуден на шест години и шест месеци затвор.

Поповски денеска стражарно беше донесен на седницата на советот на Апелацискиот суд од издржување на затворска казна во Шутка.

МИА/Фото: Груевски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Истрага „Базни станици“ на СЈО: Наместо „Т-мобиле, да ги гради базните станици, Луковски му ги дал на „Бетон“

Редакција

Ковачевски во Солун на Самитот на шефови на држави и влади на земјите – членки на процесот за соработка на Југоисточна Европа

Редакција

Уставен суд не донесе одлука за Законот за матична евиденција, предметот останува отворен

Редакција