еМагазин
Image default
Балкан ТОП СТОРИИ

Ќе поднесе ли Вучиќ оставка поради несогласување за предлогот за договор со Косово?

Претседателот на Извршниот комитет на Српската напредна партија (СНС), Дарко Глишиќ синоќа изјави дека претседателот на Србија, Александар Вучиќ, доколку остане на своите ставови да поднесе оставка тоа ќе биде крајот на СНС.

Тој синоќа за белградски медиуми изјави дека ова ќе биде крај на кариерата што СНС ја имаше на српската политичка сцена, пренесе Бета.

Медиумите во Србија претходно објавија дека на средбата во седиштето на СНС имало несогласувања и повици да се отфрлат преговорите со САД и ЕУ за Косово.

Според информациите, Вучиќ реагирал на тие несогласувања и рекол дека ако некој мисли дека може да ја води државата подобро од него, тој е подготвен да им го остави тоа на нив, а потоа ја напуштил средбата, јави Бета.

Глишиќ смета дека потоа ќе следи нешто што, како што рече, е „најцрното и најлошото сценарио за Србија“ што не може ниту да го замисли. Иако не објасни дали Вучиќ кажал под кои околности ќе поднесе оставка, дали на функцијата претседател на партијата или на државата, тој повтори дека „ако поднесе оставка и ако се држи до неа, ќе биде најлошото нешто што ќе и се случи на Србија“, јави РТС на својата веб-страница.

Вучиќ, како што претходно беше најавено, во понеделник ќе присуствува на седницата на Владата на Србија, што почнува во 11 часот, а ќе се обрати пред граѓаните во 20 часот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Објавен текстот на француско-германскиот предлог за договор помеѓу Србија и Косово

Србија е подготвена да го прифати концептот на предложениот договор за косовското прашање

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Пендаровски нема да ги потпише измените во Изборниот законик, потпис ставен на Законот за државјанство

Редакција

Лаборант од Клиниката за детски болести заболен од коронавирусот

Редакција

И Стевчо Јакимовски собра 10.000 потписи за кандидатурата за претседател на Македонија

Редакција