еМагазин
Image default
ЖИВОТ ТОП СТОРИИ

Од утре снег и северен ветер

Утре и во текот на ноќта кон петок ќе има врнежи од снег, а само во некои пониски места од дожд и снег, информираат од Управата за хидрометеоролшки работи (УХМР).

Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места.

Во петок попладне и во сабота ќе дува умерен до засилен северен ветер и ќе има врнежи претежно од снег со послаб интензитет.

Во Скопската котлина утре ќе има врнежи кои попладне и во текот на ноќта кон петок повремено ќе преминуваат во снег со послаб интензитет. Во петок и во сабота ќе дува северен ветер, ќе биде студено и ќе провејува слаб снег, соопштуваат од УХМР.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

48,38% е излезноста на првиот круг од претседателските избори, повисока отколку на последните избори

Редакција

„Царсо интернaционал“ го доби тендерот на Министерството за здравство за набавка на лекови за ретки болести вреден 1,6 милиони евра

Редакција

(Видео) Уапсени дилери и запленета голема количина на амфетамин во Катланово, вредна околу 40.000 евра

Редакција