еМагазин
Image default
Бизнис ТОП СТОРИИ

Не сакаме да бидеме параван во тендери за гас што фаворизираат една компанија, велат од Макпетрол

И покрај големите најави за либерализација на веќе либерализираниот пазар со природен гас, изминатиов период сме сведоци на фаворизирање на една компанија при набавката на гас и од таа причина „Макпетрол“ одлучи да не учествува на овие јавни повици.

„Пресметките за јануарската набавка објавена од „ЕСМ продажба“ покажуваат дека севкупната понуда на „Макпетрол“ во моментот на поднесување беше пониска од таа на компанијата што беше избрана за победник на тендерот.

Единствената разлика беше што нивната цена беше фиксна, но дури и како таква, таа не донесе никаква придобивка.

Напротив, како резултат на движењата на светските берзи, за количините потребни за јануари, „ЕСМ продажба“ можеше да плати над милион евра помалку доколку се придржуваше до основните пазарни услови на функционирање, односно, ако цената на гасот беше променлива и директно поврзана со цената на берзите.

Дополнително, „ЕСМ продажба“ со јавноста сподели информација дека доставила покана за повикот за февруари до сите компании во Македонија што можат да испорачаат гас, но до денес, таква покана не е пристигната до „Макпетрол“,“ се вели во соопштението.

Во него се додава дека „како резултат на тоа, „Макпетрол“ одбива да биде набљудувач и покритие во тендери што очигледно фаворизираат еден учесник и затоа нема да поднесе понуда на јавниот повик за набавка на природен гас.“

„Што се однесува до редовните потрошувачи на „Макпетрол“, снабдувањето ќе продолжи непречено како и досега. За февруари за нив ќе биде обезбеден гас по цена пониска за најмалку 30 проценти споредено со цената во јануари,“ се додава во соопштението.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

(Видео) Коментарот на Вучиќ при бакнувањето меѓу Могерини и Тачи нов балкански хит

Редакција

Адвокатот на таткото на Вања бара куќен притвор за него

Редакција

Почнува саемот „Винска визија на Отворен Балкан“ – храна, вино, туризам и лидерски самит

Редакција