еМагазин
Image default
ЧИСТА ОКОЛИНА

Прекината изградбата на гасоводот на Водно, Шилегов повика на дебата

Петре Шилегов, градоначалникот на Скопје денеска информираше дека се прекинати сите градежни активности за изградба на гасоводот на Водно сè до завршување на процесот на дијалог и дебата.

Шилегов ги повика претставниците на надлежните државни органи, како и претставниците на граѓанските здруженија на дебата в понеделник во 13 часот во просториите на Советот на Град Скопје.

„Изградбата на гасоводот на Водно предизвикува загриженост и реакции во јавноста. Сакам да потенцирам дека пред почетокот на градежните активности претходеа интензивни разговори со активистите и со загрижените граѓани и се бараа заеднички алтернативни компромисни решенија. Токму како резултат на овие разговори успеавме да се избориме за намалување на ширината на трасата на гасоводот од 25 на 10 метри и измени на трасата во еден дел од четири километри.

Но, и покрај тоа, очигледно е дека во јавноста сè уште постои загриженост за ваквата траса и за изградбата на гасоводот. Јас како градоначалник не можам мирно и немо да го набљудувам овој процес“, изјави Шилегов.

Фото: Фејсбук/Шилегов

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Загадувањето на воздухот во големите градови останува многу загрижувачко прашање, се констатира во Извештајот на ЕК за Македонија

Редакција

Расчистен воздухот во Битола и Тетово, престануваат да важат мерките

Редакција

Пораст: Секој од нас лани создал 412 килограми отпад

Редакција