еМагазин
Бизнис

„Фершпед“ оствари добивка од 75,5 милиони денари

„Фершпед“ АД Скопје за периодот јануари – јуни 2018 година оствари оперативна добивка во износ од 74.704.000 денари, соопшти компанијата преку Македонската берза.

Остварените вкупни приходи за периодот јануари – јуни 2018 година изнесуваат 1.667.972.000 денари и во споредба со остварените вкупни приходи за истиот период 2017 година бележат раст од 9%.

Вкупните расходи за периодот јануари – јуни 2018 година во износ од 1.589.143.000 денари бележат раст од 6 % во однос на вкупните расходи за истиот период 2017 година. Оперативните расходи во првото полугодие од 2018 година изнесуваат 1.584.488.000 денари и истите се зголемени за 6 % во однос на првото полугодие од 2017 година.

Остварената нето добивка за периодот јануари – јуни 2018 година изнесува 75.584.000 денари.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Промени во Управниот одбор на Интернационалниот картичен систем

Редакција

Прилепска пиварница со добивка во првите шест месеци

Редакција

Светска банка: Корона вирусот ќе ја однесе во рецесија македонската економија

Редакција