еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Македонските Бугари се сретнаа со еврокомесарот Вархеји, му се пожалиле дека немаат дијалог со институциите

Преставници на македонските Бугари од Македонија денеска во Брисел се сретнаа со еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Како што објави бугарската агнеција БГНЕС тие му се пожалиле дека бугарската заедница во Македонија немала дијалог со властите, за што вложувале напори повеќе од две години.

„Иднината на РСМ е во ЕУ, но тоа не може да биде на сметка на Бугарите кои живеат во земјата“, изјавиле за БГНЕС, Петар Колев, Георги Трендафилов и Љубчо Георгиевски, кои се сретнаа со Вархеји.

На Вархеји му се пожалиле и дека македонското Собрание наместо да работи на измени за вклучување на Бугарите во Уставот со цел побрзо отпочнување на преговорите со ЕУ, донело законска регулатива со цел затворање на клубовите на локалните Бугари во земјава.

„Очекуваме во следниот извештај на Европската комисија за напредокот на РСМ да бидат вклучени прашањата за кои разговаравме на оваа средба“, изјавиле тие.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Еврокомесарот Вархеји ќе се сретне со преставниците на македонските Бугари, Георгиевски, Колев и Трендафилов

Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Во последните три дена, 173 нови случаи на Ковид-19, оздравени 186, тројца починати

Редакција

(ВИДЕО) Членовите на филхармонијата од Ротердам во самоизолација ја свират “Ода на радоста„

Редакција

Нови 319 случаи на Ковид-19 од 2.720 тестови, 59 се реинфекции

Редакција