еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Нема докази оти сакаме конфликт помеѓу Македонија и Бугарија, руската Амбасада регира на изјавата на Османи

Од Руската амбасада реагираат на изјавата на министерот за надворешни работи на Бујар Османи во интервју за Радио Слободна Европа дека „третиот фактор“ заинтересиран за конфликти во регионот на Западен Балкан, вклучително и меѓу Македонија и Бугарија, е Руската Федерација.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Османи: Последната ескалација во односите со Бугарија добредојдена за Русија

-Убедени сме дека нема основа за такви тврдења, а камоли докази, како што беше случај повеќе пати.

Напротив, придонесот на нашата земја во решавањето на конфликтите на Балканот во изминатите многу децении, вклучувајќи во Босна и Херцеговина и во српската автономна покраина Косово и Метохија, не може да се прецени.

Секогаш постапуваме во согласност со меѓународното право и резолуциите на Советот за безбедност на ОН. Заинтересирани сме за просперитет и мирен соживот на сите земји од регионот без исклучок, со чии народи имаме вековни пријателски врски.

Апсолутно никаков темел немаат ниту обвинувањата што се шират во низа медиуми за наводно „мешање“ на Русија во внатрешните работи на РСМ и нејзините односи со другите земји, а тоа им е добро познато на сите непристрасни набљудувачи и експерти.

Ги повикуваме медиумите во РСМ на одговорен и професионален пристап при објавување вести и аналитички материјали за Русија и принципите на нејзината надворешна политика, кои отворено ги декларираме – интеракција заснована на рамноправност, меѓусебно почитување и земање во предвид меѓусебните интереси“, велат од Амбасадата.

Фото: руска Амбасада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Дописникот на британски „Гардијан“ го фотографираше Груевски во Будимпешта

Редакција

Детален преглед на состојбата со Ковид-19 по болниците низ Скопје

Редакција

(Фото) Се запали возило на Итната медицинска помош во Куманово, нема повредени

Редакција