еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Милошоски не бил политички гонет за „Моќник“, Уставен ја отфрли неговата инцијатива

Уставниот суд денеска го отфрли барањето на пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, за заштита на слободи и права, во врска со обвинението против него во случајот „Моќник“.

“Имено, во конкретниот случај подносителот истакнува барање за заштита на слободи и права, a како акти со кои му биле повредени слободите и правата приложи обвинителен акт и решение со кое обвинителниот акт бил одобрен во целост, меѓутоа Уставниот суд оцени дека обвинителниот акт не претставува поединечен акт со кој се одлучува за поединечни слободи и права за граѓаните, односно за ограничување или одземање на одредени слободи и права гарантирани со Уставот, туку станува збор за поднесок, односно едностран процесуален акт, кој е основа за водење на кривична постапка.

Имајќи го предвид погоре изнесеното и според означената одредба од членот 51 од Деловникот, Судот одлучува за заштита на слободи и права повредени со конечен или правосилен поединечен акт, како и имајќи ја предвид одредбата од членот 52 од Деловникот, според кој во барањето од членот 51, потребно е да се наведат причините поради кои се бара заштита, актите или дејствата со кои тие се повредени, фактите и доказите на кои се заснова барањето, како и други податоци потребни за одлучувањето на Уставниот суд, а во конкретниот случај обвинителниот акт што со овој предмет не е случај.

Судот утврди дека не се исполнети процесните претпоставки од наведените одредби од Деловникот на Уставниот суд, за мериторно постапување и одлучување по барањето за заштита на слободите и правата“, велат од Уставен суд.

Во случајот „Моќник“, кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство, Милошоски е третоосомничен и се товари за делата измама и за злоупотреба на службената положба и овластувања.

Основниот кривичен суд во Скопје во октомври 2020 година го прифати обвинението на Основното јавно обвинителство Скопје, а покрај него меѓу обвинетите е и неговиот татко Милош Милошоски, поранешниот претседател на Комисијата за лустрација, Томе Аџиев и дел од членовите на Комисијата.

Фото: Милошоски/Фејсбук

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Цените на основните прехранбени производи да останат замрзнати до крајот на февруари, предлага Министерството за економија

Редакција

Французите не го сакаат Балканот и Македонија во ЕУ

Редакција

ТАВ Македонија: Сезонските летови се враќаат на Охридскиот аеродром

Редакција