еМагазин
Image default
Македонија ТОП СТОРИИ

Ковачевски и Таравари ги договорија новите министри за правда и здравство

Премиерот Димитар Ковачевски и лидерот на Алијанса на Албанците, Арбен Таравари синоќа имаa средба во Владата, од која засега нема официјални детали.

Од СДСМ за МИА изјавија дека кога ќе бидат дефинирани работите, ќе ја информираат јавноста.

Завчера по седницата на највисокото тело на партијата, Таравари објави дека влегуваат во Владата и дека е договорено нивни кадри да бидат на чело на министерствата за здравство и за правда.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Три министерски места, двајца заменици-министри, директорски позиции: Алијанса за Албанците влегува во Владата

Алијанса на Албанците треба да добие уште едно министерско место, а тоа, според изјавата на Таравари, ќе биде или Министерството за информатичко општество и администрација, со кое сега раководи кадар од Алтернатива, или вицепремиерското место за економски прашања.

Засега, нема официјална потврда кое од овие места ќе и припадне на Алијанса на Албанците. Оваа партија добива и две заменички-министерски места.

Според објавите на поголем дел од медиумите, на местото на министерот за здравство Беким Сали, кој е кадар од Алтернатива доаѓа Фатмир Меџити, а министерот Никола Тупанчевски ќе го замени Кренар Лога.

Од Алтернатива која исто така е дел од Владата соопштија дека конечниот став за идното партиципирање во Владата ќе го донесат во недела на седница што ќе се одржи во Тетово.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Алтернатива во недела ќе се изјасни околу партиципирањето во Владата

– Најтесното партиско раководство на Алтернатива е во перманентно заседание. Со внимание ги разгледуваме сите околности кои ги нарушуваат принципите врз кои требаше да почива европската коалиција. Особено начинот на кој некој го потценува нашиот учинок пред 12 месеци за спас на владејачкото мнозинство, изборот на Димитар Ковачевски за премиер и следствено обезбедувањето на почеток на преговори со ЕУ, објави Алтернатива на Фејсбук.

Засега е неизвесно и кога ќе биде закажана собраниската седница на која ќе се расправа за реконструкцијата на Владата. Претседателот на Собранието Талат Џафери изјави дека седницата може да биде закажана и во понеделник доколку премиерот Ковачевски го достави предлогот до Собранието.

МИА/Фото: Влада

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Меѓу нив и Митко Јанчев за Кавадарци: ВМРО-ДПМНЕ објави уште 10 кандидати за градоначалници

Редакција

Алијансата за Албанците ќе повика да се гласа „за“ на претстојниот референдум, ама со услови

Редакција

Границата со Грција најверојатно ќе остане затворена и по 1 септември

Редакција