еМагазин
Image default
Бизнис

АСОМ: Целосно го отфрламе новиот предлог Закон за игри на среќа

Асоцијацијата на спортски обложувалници (АСОМ) најостро реагира на тоа што Владата веќе 10 дена го крие Законот за игри на среќа од оние кои се најзасегнати од него и покрај сите апели, упорно избегнува дијалог.

-АСОМ будно ги следи информациите на оваа тема кои медиумите ги откриваат и ги отфрла како целосно неприфатливи новите предлог измени на Закон за игри на среќа кои Владата на РСМ ги усвои. Овој закон содржи регулативи кои со сигурност значат згаснување на една цела легална гранка, цут на сивата економија и оставање на улица на 10.000 вработени.

Како апсолутно неприфатливи ги дефинираме: дислокацијата на нашите објекти, забраната за приредување игри на среќа на Интернет, зголемувањето на давачките и надоместоците, како и измените на Законот кои имаат можност да задираат во веќе постоечките лиценци.

Како прво сакаме да истакнеме дека АСОМ нема да дозволи воведување на оддалечување на објектите за игри на среќа кои се преставуваат како наводна „заштита, унапредување или регулација” на индустријата, а кои имаат цел да затворат една цела легална гранка. Ваквите решенија се спротивни на сите меѓународни и ЕУ стандарди. Актуелниот Закон има строга регулација во однос на заштита малолетни лица, која може да се унапреди преку дополнителни ефикасни методи на превенција, едукација и засилена контрола.

Исто така, АСОМ со сигурност нема да прифати било каков нов закон или измени кои се носат на недемократски начин без јавна расправа, со кои ќе се забрани приредување на посебни игри на среќа преку Интернет. Новото законско решение не им дозволува на постоечките лиценцирани приредувачи на игри на среќа да приредуваат посебни игри на среќа преку Интернет, со што официјално се монополизира приредувањето на игри на среќа преку Интернет, а ексклузивното право на тоа ѝ припаѓа на државата.

Апелираме дека Интернет игри на среќа се истите игри на среќа кои веќе се приредуваат во лиценцираните објекти непосредно на терен, а Интернетот како медиум никој нема право да го монополизира. Пазарот мора да се либерализира и да овозможи приредување на посебни игри на среќа преку Интернет, со соодветни процедури, како што е пракса во светот.

Категорично одбиваме да прифатиме и промени и решенија каде посебните давачки и надоместоци се зголемуваат енормно и несразмерно, а со тоа и директно се рефлектираат на економската одржливост на нашиот бизнис. Согласно објавените информации, со новите законски измени се зголемува надоместокот за издавање на лиценца за обложувалница на 200.000 евра, додека за секое следно уплатно-исплатно место, приредувачот плаќа надоместок во износ од 10.000 евра.

Цврсто сме убедени дека зголемувањето не е направено врз база на реални финансиски анализи, и според нас истото ги преминува сите граници и се врши со задни намери кои повторно водат до згаснување на нашата индустрија.

Најостро ќе реагираме на евентуални предлози и измени во Законот кои согласно нашите искуства од претходните законски решенија имаат можност да задираат во веќе постоечки лиценци. Врз база на овие лиценци, приредувачите на игри на среќа ги изработиле своите пресметки и финансиски планови. Сакаме да потенцираме дека лиценците имаат точен рок на траење и било каков упад во наметнати давачки за време на траењето на лиценцата е противуставно и надвор од секоја логика и европска пракса.

Предупредуваме дека промените може да имплицираат правни постапки за оштета и заштита на права на приредувачите кои работат според лиценци со однапред поставени услови. Секоја промена во Закон, особено во делот на финансиски импликации, мора да започнува со истек на старата лиценца, односно со почеток на новата лиценца.

Во предложените измени, исто така се посочува на потребата од зајакнување на доказите потребни за издавање на лиценци, како и прецизирање на тоа дека едно трговско друштво со една лиценца, приредува еден вид на игра на среќа.

Апелираме дека сите овие наведени штетни законски регулативи значат затворање на нашата индустрија и враќање во деведесеттите, каде дивите игри на среќа организирани по подруми и нелегални објекти ќе бидат секојдневие. Со згаснување на нашата индустрија, сериозна штета ќе претрпи и државната каса, што значи 250 милиони евра годишно помалку пари во буџетот.

Ја потсетуваме Владата дека злоупотребата на европското знаменце при носење на овој закон ја информиравме и Делегацијата на Европската Унија во земјава, од каде добивме официјален допис во кој тие апелираат европското знаменце да се користи само кога се работи за специфични закони коишто се поврзани со европското законодавство и во никој случај да не се користи за да се намали дискусијата за важни закони.

Уште еднаш ги повикуваме надлежните да не го кријат законот, да ги слушнат нашите апели и како што доликува на една демократска земја чија иднина е Европската Унија, да отворат пат за дебата со цел заедно да донесеме конструктивен закон прифатлив за сите засегнати страни.

Остануваме на ставот дека ќе ги преземеме сите правни механизми и законски можности да го спречиме донесувањето на овој штетен закон кој ќе донесе сериозни последици за целата држава, велат од таму.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.

МОЖЕБИ ЌЕ ВЕ ИНТЕРЕСИРА

Нето надворешниот долг на крајот на вториот квартал зголемен за 2,9%

Редакција

Технокомерц со загуба во првите девет месеци

Редакција

Најниската цена главен критериум на тендерот за набавка на вакцини вреден 10,7 милиони евра

Редакција