Бугарскиот рапер Иван Динев – Устата испеа навредлива песна за Македонија, во која земјата ја нарекува територија, македонскиот јазик дијалект на бугарскиот, а Македонците „злобни“.
-Слушајте внимателно мили соседи, првата лекција по македонска историја – тоа не е држава, туку територија. Малечка провинција со големи амбиции која пораснала со бугарски традиции. Со бугарски корени се сите дрва до 1945 година. Македонскиот јазик е дијалект на бугарскот, се само дел од навредливите стихови на раперот.
Па, потоа на Фејсбук сподели дека поради навредливата песна наводно добил дури 100 смртни закани.
Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на еМагазин значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени ОВДЕ.